Хакерски упади во системите за регистрација на гласачи во 20 американски сојузни држави
Во последниве неколку месеци едни од целите на хакерски напади биле и системите за регистрација на гласачите за ноемвриските избори во САД во дури 20 американски сојузни држави, соопшти синоќа претставник на Министерството за државна безбедност во Вашингтон.
Претставникот, кој побарал анонимност, изјави дека засега не е познато дали станува збор за домашни или странски хакери, ниту кои биле нивните мотиви за една ваква акција.
Оваа информација следува откако пред еден месец американското Федерално истражно биро (ФБИ) побара од државните институции да ги зајакнат безбедносните мерки поврзани со изборните активности. Ова предупредување следеше по добиените сознанија за хекерски упади во системите за регистрација на гласачите во сојузните дражви Илиноис и Арзиона.
На почетокот на неделава директорот на ФБИ, Џејмс Коми изјави дека Бирото внимарелно го следи активностите на руски хакери, кои би можеле да влијаат на резултатите од американските претседателски избори.
Сепка, многумина експери од сферата на кибер безбедноста, сметаат дека практично е невозможно со хакерски упади да се променат изборните резултати, бидејќи системите се во голема мерка децентрализирани и не се целосно поврзани на интерент.
Ново на Сител
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник