Свет
19. October 2016 - 8:47

Хакерски напад врз налогот на Твитер на белгискиот министер за надворешни работи

Хакерски напад беше извршен вчера врз налогот на Твитер на белгискиот министер за надворешни работи, соопшти белгиското Министерство за надворешни работи, неколку часа откако белгиската провинција Валонија одби да даде зелено светло за спогодбата за слободна трговија со Канада. 

- Твитер налогот на Дидие Рејндерс беше хакнат. Последните информации на налогот не се од него, нагласи Министерството. 

На налогот на Рејндерс беше објавена фотографија на поранешниот канадски премир Стивен Харпер со нецензурирана порака.

Пет часа откако беше објавен постот се уште стои на налогот на Рејндерс, кој е меѓу главните поддржувачи на трговската спогодба ЕУ-Канада.

ЕУ упати вчера ултиматум до Валонија до петок да даде согласност за спогодбата, но тој беше отфрлен од валонскиот лидер Пол Маниет.