Loading Video...
Свет
19. December 2018 - 16:44

Хакери ја читале дипломатската комуникација во ЕУ

Хакери со години успешно вршеле упади во комуникациските мрежи на ЕУ и пресретнувале илјадници дипломатски пораки објави Њујорк Тајмс.

Дел од хакираните пораки,според весникот,  укажуваат на загриженоста на европските дипломати поради непредвидливите постапки на американскиот претседателот, како и напорите на унијата да постигне договори со Русија и Кина.

Европските функционери ги потврдија пишувањата на Њујорк Тајмс но истакнаа  дека хакираните пораки и разгвоори не се класифицирани како тајни.