Свет
12. July 2017 - 8:40

Хакери добиле пристап до податоци на гости во 14 „Хотели Трамп“ во САД

Хакери добиле пристап до лични податоци на гости во 14 хотели на синџирот Хотели Трамп, соопшти компанијата.

Кибер-напаѓачите за првпат презеле напад врз серверот за резервации во хотелите на 10 август 2016 година. Последен напад имало на 9 март оваа година.

Хакерите добиле достап до информации поврзани со кредитни картички на клиентите. Во дел од случаите тие имале и достап до имињата на гостите во хотелите, елекстронските адреси, телефонски броеви и други подаотци. Погодени биле хотели во Њујорк, Чикаго, Торонто и Лас Вегас.