Фудбал
26. April 2018 - 11:05

Хајнкес разочаран но верува во подвиг во Мадрид

Јуп Хајнкес важи за тренер кој може да направи тактика секој меч да се победи. Сепак, на синоќешниот дуел против Реал Мадрид, тренерот на Баерн Минхен не можеше да најде противигра за Реал Мадрид. Баварскиот гигант на свој терен загуби со 1:2, но Хајнкес останува оптимист. 

„Нема да се предадеме. Прмивме два гола по наши грешки. Имавме многу шанси, но неуспеавме да даде гол. Какви ни се шансите за пласман во финалето? Имаме тактика за реваншот во Мадрид и нема што да загубиме “, рече Хајнкес.

Реванш дуелот се игра на 1 мај во Мадрид.