Хајндл: Партиските лидери да ги стават државните интереси пред партиските
Партиските лидери да преземат одговорност и да ги стават интересите на државата пред партиските, кратко изјави специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл по денешните средби во Тетово со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.
Хајндл по разговорите со Ахмети и Тачи во нивните партиски седишта, за медиумите само рече дека неговите ставови остануваат на линија на претходните соопштенија на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
За средбата на Ханјдл со Али Ахмети, со соопштение се огласи ДУИ. Ахмети, како што информира партијата, го запознал Хајндл со последните случувања во земјата и ја поздравил одлуката на Уставниот суд по иницијативата на ДУИ која овозможи враќање на Собранието и откажувањето на изборите на неодредено време, како и за создадената законска можност за повлекување на одлуката на Иванов за помилување и гаранција за продолжување на работата на Специјалниот обвинител.
Со средбите со лидерите на ДУИ и на ДПА, Хајндл ги заокружи разговори со потписниците на Договорот од Пржино. За политичката криза во Македонија и можностите за нејзино надминување, спрецијалниот германски пратеник вчера во Скопје разговараше и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како и со претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација