Џет-Сет
9. јуни 2016 - 12:23

Хафтор Јулиус Бјорнсон со порака за Роналдо: Ке те скршам ако му дадеш гол на Исланд

Исландски актер во серијата „Игри на престолите“ Хафтор Јулиус Бјорнсон упати „заканувачка порака“ до потугалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во пресрет на натпреварот меѓу Исланд и Португалија на Европското фудбалско првенство во Франција.

-  Ако се обидеш да дадеш гол против Исланд ќе те пронајдам и ќе ти ја скршам главата, изјави славниот Бјронсон, алудирајќи на сцената од серијата каде со голи рацете го убива Оберин Мартел.

Секако, се работи за шега на Исланѓанецот, кој според многумина е најсилниот човек во светот, бидејќи тој веднаш „прсна“ од смеење.

Засега не знаеме, како реагирал Роналдо на оваа „закана“.