Балкан
27. December 2019 - 11:51

Хаѕидакис: Со потпишувањето на договорот за гасоводот EastMed се гради „коалиција на легитимитет“

Министрите за енергија на Грција, Кипар и Израел, во присуство и на Италија ќе потпишат договор за гасоводот, испраќајќи порака дека нашата соработка оди напред врз основа на правилата од Меѓународното право и пркосејќи им на заканите, истакнува министерот за животна средина и енергија на Грција Костис Хаѕидакис во интервјуто за грчкото радио „Тема“ во однос на потпишувањето на договорот за EastMed на 2 јануари 2020, јави дописничката на МИА од Атина.

Хаѕидакис вели дека „овој гасовод е гасовод што ја поттикнува соработката на енергетско ниво меѓу различни земји во поширокиот регион“, а паралелно изрази жалење што Турција, како што рече, не сфаќа дека конкретниот гасовод е и во нејзина корист, рече дека енергијата во многу делови од светот е мост на соработка, а не на тензии како што е случај во Грција и Кипар.

-Потпишувањето е доказ дека инволвираните страни одат решително напред, градејќи „коалиција на легитимитет“ и одбрана на меѓународното право , истакна министерот за енергија и животна средина на Грција.

Во однос на тоа дека Италија нема да присуствува на потпишувањето, Хаѕидакис објаснува дека тие ја проучуваат прашањето од гледна точка на животната средина, бидејќи веќе го имаат и гасоводот ТАП.