Хаџиев: Граѓаните имаат 3,8 милијарди евра во банките, депозитите безбедни
Депозитите на граѓаните во банките и штедилниците во земјава се безбедни и сигурни, оценува директорот на Фондот за осигурување депозити на Република Македонија Борче Хаџиев во интервју за МИА во пресрет на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
- Штедните влогови на секој штедач во висина до 30 илјади евра во денарска противвредност се осигурани во Фондот и се безбедни. И ако некоја банка или штедилница има некој ризичен настан тие штедачи се обесштетуваат, појаснува Хаџиев.
Податоците на Фондот покажуваат дека во моментов македонските граѓани имаат 3,8 милијарди евра заштеда во банките и штедилниците во земјава.
- Повеќе од половина или 50,5 проценти, како што рече Хаџиев се во денари, а 49,5 проценти во евра.
Според него поголемиот дел заштеди во денари најверојатно се должи на повисоките каматни стапки на овие штедни влогови, но и на стабилниот курс на денарот.
Порачува граѓаните само да штедат и дека не е важно во која валута.
Граѓаните најмногу им веруваат на големите банки и таму се и најголемиот број депозити.
Тој додава дека најголемиот број штедни влогови се до 30 илјади евра.
-Тој износ е гарантиран, но има и депозити над овој износ. Поголем дел се до 30 илјади евра. Граѓаните го знаат тоа и сами го дисперзираат ризикот со ставање депозити во повеќе банки или на повеќе лица од фамилијата, рече во интервјуто директорот на Фондот за осигурување депозити.
Истакна дека тој износ со влезот на Македонија во ЕУ ќе се зголеми на 100 илјади евра, како што е во земјите на Европската унија, но дека и ќе се осигуруваат и штедните влогови на правните лица.
Ново на Сител
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите