Фудбал
14. October 2016 - 12:21

Хаџибегиќ: Пеналот е крив за се, можев да ја спасам војната!!!

Фарук Хаџибегиќ е поранешен репрезентативец на Југославија и еден од тројцата играчи кои во четвртфиналето на Светското првенство во 1990 година не искористи пенал против Аргентина. Пред него неприцизни беа Драган Стојковиќ-Пикси и Драгуљуб Брновиќ, а Хаџибегиќ не реалзиираше во последнта серија и Аргентина мина во полуфиналето, а подоцна загуби во финалето од Германија.
 
„Да постигнев гол ќе игравме во полуфиналето на Светското првенство. И не сакам да звучи претенциозно, но мислам дека подоцна немаше да се случи војната во Југославија. Кога денес ќе погледнам што се случува во светот, очигледно е дека ништо не е научено од историјата. Ова не е проблем на културата, религијата, економската криза, тоа само е политика“, рекол Хаџибегиќ за 20minutes.fr.
 
Хаџибегиќ во интервјуто истакнал дека во времето кога бил играч на Сараево имал добар однос и со воениот злосторник Радован Караџиќ.
 
„Тој пред војната беше психолог во ФК Сараево, каде јас ја започнав кариерата. Осум години беше со нас. Го познавам добро. Беше добро момче со кого разговаравме на многу теми. Никогаш не можевме да замислиме што ќе се случува подоцна. Бев изненаден и шокиран. Иако во мојата религија омразата не е можна, ова е различно. Не можам да му простам за сите оние кои се убиени“, додава.
 
Хаџибегиќ, кој живее во Франција и е тренер на второлигашот Валенсиен рекол дека сé уште се чувствува како Југословен.
 
„Да, тоа е случај со повеќето луѓе на просторите на поранешна Југославија. Но, денес сме принудени да се викаме Срби, Босанци, Хрвати, Црногорци...Тоа ни го наметнаа“.
 
Хаџибегиќ во периодот од 1982 до 1992 година одиграл 61 натпревар за Југославија и постигнал шест гола.