-->
-->
Гвардиола подготува „шут“ карта за Агверо и Компани?!
-->
Пеп Гвардиола е харизматичен тренер, секаде каде што работел неговото владеење се граничело со тиранија, најчесто страдале големите ѕвезди, што е случај и во Манчестер Сити.
Шпанецот, кој најголемите тренерски успеси ги постигна со Барселона, од почетокот на својот мандат во Англија, од Манчестер Сити избрка две големи ѕвезди, голманот Џо Харт и Јаја Туре, а според англиските медиуми, тука нема да застане.
По поразот во Барселона, во Лигата на шампионите (4-0), на ред се Серхио Агуеро и долгогодишниот капитен Венсан Компани.
Компани бил подготвен за натпреварот против Барселона, но Гвардиола решил да не го повика за тој меч, додека Агуеро започна на клупата, а во игра влезе кога победникот беше решен.
Напаѓачот сезонава постигна 10 голови во 11 натпревари, но тоа не е доволно целосно да ја стекне довербата на Гвардиола. Самиот Агуеро, минатата недела за аргентинските медиуми изјави дека му треба време да се навикне на стилот на Гвардиола.
Од друга страна Гвардиола тврди дека тактиката била причината поради која Агуеро го оставил на клупата, бидејќи со лажна деветка (Де Брујне), сакал да има играч повеќе во средниот ред, одлука која на крајот се покажа како погрешна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО