Спорт плус
18. August 2016 - 13:44

Гвардијан: Боксерскиот турнир во Рио наместен?!

Боксерскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро е натпреварување кое секојдневно го „тресат“ скандали поради срамните судиски одлуки.
 
Ден по гестот на Ирецот Мајкл Конлан, кога на судиите по поразот од Русинот Владимир Никитин им го покажа средниот прст, Светската боксерска федерација (АИБА) дома испрати неколкумина судии.
 
„Судиите донесоа неколку неочекувани одлуки. АИБА секогаш ќе ги штити интересите на боксерите, но одлуките на суспeндираните судии нема да бидат променети“, стои во соопштението на АИБА.
 
Лондонски Guardian, во изминатите неколку денови, ја истражуваше корумпираноста на боксерските судии и во голем текст тврди дека целиот боксерски турнир во Рио де Жанеиро е наместен.
 
„Корупција? Нас не интересираат само докази, а не шпекулации. Ќе ги користиме сите средства, вклучувајќи ги и правните мерки за да го заштитиме нашиот спорт“, изјавиле од АИБА.