Loading Video...
Свет
25. February 2019 - 20:38

Гваидо бара помош од меѓународната заедница за венецуелската криза

Самопрогласениот  претседател на Венецуела Хуан Гваидо  ја повика меѓународната заедница да ги разгледа сите опции за решавање на кризата во земјата.

Повикот уследи  откако венецуелската војска употреби сила  и не дозволи камиони со американска хуманитарна помош да влезат во земјата преку Колумбија и Бразил.

Во насилството загинаа 2 лица. На Гваидо тешко му оди да ја придобие моќната армија. Војската се уште ги слуша наредбите на претседателот Мадуро.  

Шефот на американската дипломатија порача дека деновите на социјалистот на претседателската функција се избројани.