Бизнис
31. December 2018 - 18:52

Гужва на шалтерите на УЈП

Заврши рокот за регистратија на електронскиот систем за персонален данок на доход во Управата за јавни приходи. Регистрирани се над 650.000 граѓани.

-И покрај долгиот временски период кој беше даден од Управата, но и апелите за навремена регистрација, македонските граѓани повторно чекаат до последен момент за да се пријават.

Дел од граѓаните се правдаат оти немале време, па затоа чекале досега. Дел од нив не биле доволно информирани за начинот на регистрација.

Од регистрацијата беа изземени сите пензионери кои земаат само пензија. Останатите кои имаат дополнителен приход мораа да се регистрираат.

По регистрацијата, УЈП ќе изготви Годишна даночна пријава и ќе ја испрати на и-мејл адресите на граѓаните. На истиот начин, преку и-мејл тие ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците.

Оние кои не се регистрирале нема да добијат Годишна даночна пријава, па нема да бидат во можност да го пријават данокот. За непријавување на данок, УЈП изрекува казни од 100 до 200 евра.