Гувренерката на Народна банка учествуваше на Годишната конференција и Собрание на БИС
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), што минатата недела се одржаа во Швајцарија.
Од Народна банка денеска информираа дека на 18-то по ред издание на Годишната конференција, во петокот во Цирих се дискутирало за една од најактуелните теми, односно дигиталната економија и финансиските иновации. Акцентот бил ставен на прашањата за можните придобивки на финансискиот систем од развојот на технологијата, примената на машинското учење во компјутерските системи што се користат во централнобанкарското работење, особено во истражувањата и во изготвувањето на статистичките податоци. Подетално се разговарало и за севкупните реални ефекти во економија од примената на иновативните решенија на полето на финансиите.
Во рамки на конференцијата, Ангеловска-Бежоска разменила мислења за овие прашања со повеќе свои колеги од другите централни банки, при што се осврнала и на веќе преземените и идните чекори за поттикнување на примената на финансиските иновации и кај нас и за нивното искористување за развој на нашиот финансиски систем, како и за обезбедување услови за пристап на што поголем дел од населението до него.
Гувернерката учествувала и на 89. Годишно генерално собрание на БИС, кое традиционално се одржa во Базел. На Собранието биле разгледани и усвоени најновиот Годишен извештај за работата на БИС и Годишниот економски извештај на БИС во кој, меѓу другото, е нагласено дека за создавање посоодветен модел на глобален економски раст, неопходно е воспоставување рамнотежа меѓу монетарната политика, структурните реформи, фискалната политика и макропрудентните мерки, во глобални рамки. Упатена е и порака дека монетарната политика не може да биде главниот двигател на економскиот раст и дека е потребна проактивност и на другите носители на политики за да се обезбеди одржлив напредок на глобалната економија.
Одборот на БИС го одобрил и формирањето на центар за иновативни финансиски технологии кој ќе им овозможи на централните банки да ја унапредат меѓусебната соработка. Како членка на БИС, нашата централна банка ќе има можност да ги ползува придобивките од работата на Центарот.
За време на одржувањето на овие два настана, гувернерката остварила и билатерални средби со повеќе свои колеги од централни банки членки на БИС.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето