Свет
27. July 2016 - 8:41

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба поради пожарите

Вршителот на должност гувернер на Калифорнија, Том Торлаксон прогласи вонредна состојба поради пожарите во реонот на Лос Анџелес, во кои едно лице загина, а уништени се 18 куќи.

Прогласената вонредна состојба дава можност да бидат одобрени финансиски ресурси за надминување на ситуацијата.

Огнената стихија беснее во областа меѓу северниот дел на Лос Анџелес и градот Санта Кларита, а уништено е земјиште од над 152 километри квадратни. Повеќе од 20.000 луѓе биле принудени да се евакуираат, но поголем дел од нив веќе се вратиле назад.