Свет
8. May 2022 - 13:41

Гувернерот Хаидаи за бомбардираното училиште: Мали се шансите да пронајдеме преживеани

Гувернерот на Луганск, Сергеј Хаидаи, на новинарите им даде повеќе детали за бомбардирањето на училиштето во селото Билохоривка, во чиј подрум се криеја цивили.

-Авионската бомба директно го погоди училиштето. За жал, зградата беше целосно уништена. Бидејќи беше авионска бомба, а не артилериска граната, кога се случи експлозијата, температурата беше огромна, рече Хајдаи.

„Нашите служби за итни случаи ќе се обидат да ги расчистат урнатините што е можно поскоро, но шансите се уште да има преживеани се мали. Се надеваме на најдоброто. Можеби некој успеал да преживее“, рече Хаидаи.