Свет
16. August 2017 - 8:53

Гутереш со осуда за расизмот и ксенофобијата

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш го осуди расизмот и ксенофобијата по насилствата во американската сојузна држава Вирџинија.

- Расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот, исламофобијата ги трујат општествата. Должни сме да се спротиставиме секогаш и секаде, напиша Гутереш на Твитер по насилството меѓу ултрадесничарските и левичарските групи во Шарлотсвил.

ОН во понеделникот го осуди насилството во Шарлотсвил и изрази сочувство до семејството на загинатата жена.