Балкан
15. September 2017 - 19:12

Гутереш со осуда за најновата ракетна проба на Северна Кореја

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја осуди најновата ракетна проба извршена од Северна Кореја и најави разговори за кризата на Корејскиот полуостров на маргините на состанокот на ГС на ОН следната недела.

Тој го повика раководството на Северна Кореја „да прекине со понатамошни тестирања, да се придржува до релевантните резолуции на СБ и да отвори простор за продолжување на искрен дијалог за денуклеаризација“.

Во соопштение од неговиот Кабинет се вели дека ОН „го осудува“ лансирањето ракета и порачува дека ќе разговара за таа ситуација со сите заинтересирани страни на маргините на претстојниот состанок на ГС на ОН.