Балкан
6. July 2017 - 9:15

Гутереш ќе учествува во преговорите за Кипар

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска се враќа во Кран Монтана, каде ќе присуствува на преговорите за решавање на прашањето за Кипар.

На денешните преговори нема да учествуваат премиерите на трите земји гарантори - Грција, Турција и Велика Британија.

- Грција се залага за изнаоѓање на праведно и одржливо решение за кипарскиот проблем врз основа на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како и во својство на Република Кипар како земја-членка на Европска унија. Решението за Кипар ќе биде праведно и одржливо без режим на гаранци за островот и без присуство на окупаторски војски, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во телефонскиот разговар со турскиот колега Бинали Јилдирим.

Новиот круг преговори за повторно обединување на поделениот остров почнаа на 28 јуни во шбајцарското одморалиште Кран Монтана во присуство на претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканчи.