Балкан
11. February 2017 - 9:01

Гутереш ги повика државите во светот да се повеликодушни кон бегалците

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика државите во светот да ја покажат истата великодушност како што тоа го прави Турција во пружањето заштита на бегалците, дополнувајќи дека премногу граници се затвораат и многу нации „бегаат од одговорност“.

Гутереш, кој претходно ја раководеше агенцијата за бегалци на ОН, оваа изјава ја даде во Истанбул, каде се сретна со турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Турција прифати три ​​милиони бегалци.

Гутереш, исто така, изрази надеж дека разговорите за повторно обединување на Кипар ќе доносат напредoк во блиска иднина. Тој додаде дека секое решение за островот треба да ги задоволува барањата за безбедност и на кипарските Турци и на киперските Грци.

Генералниот секретар на ОН вели дека има разбирање за потребите на Турција кога е во прашање безбедноста по неуспешниот обид за државен удар во јули, но воедно ја повика да го почитува владеењето на правото и човековите права.