Гутереш: Болниците станаа воени цели, место засолништа
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека во текот на изминатата година во 20 земји од светот зафатени со судири имало напади врз болници, лекари, амбуланти, ранети и болни.
На состанокот на Советот за безбедност на ОН, посветен на здравствената ситуација во земјите зафатени со судири, Гутереш рече дека „кревкиот медицински систем веќе беше на работ на пукање“ и дека во повеќето случаи никој не одговараше за нападите, наведуваат американските медиуми.
Во Сирија, вели Гутереш, организацијата Доктори за човекови права од 2013 година забележала над 400 напади и дека над 800 членови на медицинскиот персонал го загубиле животот.
Според него, нападите врз здравствените установи и персонал речиси е двојно поголем во 2016 година со споредба со претходната 2015 година.
Гутереш вели дека сето тоа укажува на поширокиот тренд завојуваните страни кон болниците и клиниките да се однесуваат како кон цели, а не ги почитувата како засолништа.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево