Свет
26. May 2017 - 8:46

Гутереш: Болниците станаа воени цели, место засолништа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека во текот на изминатата година во 20 земји од светот зафатени со судири имало напади врз болници, лекари, амбуланти, ранети и болни.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН, посветен на здравствената ситуација во земјите зафатени со судири, Гутереш рече дека „кревкиот медицински систем веќе беше на работ на пукање“ и дека во повеќето случаи никој не одговараше за нападите, наведуваат американските медиуми.

Во Сирија, вели Гутереш, организацијата Доктори за човекови права од 2013 година забележала над 400 напади и дека над 800 членови на медицинскиот персонал го загубиле животот.

Според него, нападите врз здравствените установи и персонал речиси е двојно поголем во 2016 година со споредба со претходната  2015 година.

Гутереш вели дека сето тоа укажува  на поширокиот тренд завојуваните страни кон болниците и клиниките да се однесуваат како кон цели, а не ги почитувата како засолништа.