Свет
24. November 2020 - 12:45

Гутереш апелира на безусловен прекин на непријателствата во Авганистан

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на итен и безусловен прекин на воените дејствија во Авганистан, со цел да се создадат поволни услови за продолжување на мировните преговори со талибанците во Доха.

-Процесот на инклузија, во кој на осмислен начин ќе се застапуваат жените, младите и жртвите на војната, нуди најголема надеж за воспоставување на одржлив мир, рече Гутереш.

Британските медиуми пренесуваат дека Гутереш смета дека напредокот кон мирот ќе придонесе за развој на целиот регион и е клучен чекор за безбедно, уредно и достоинствено враќање на сите раселени лица во Авганистан.