Спорт плус
28. December 2015 - 18:03

Гут триумфираше на велеслаломот во Линц

 
Швајцарската скијачка Лара Гут е победничка на петата велеслаломска трка сезонава во рамки од Светскиот куп во алпско скијање која денеска се одржа во австрискиот ски-центар Линц.
 
Гут до својата четврта овосезонска победа стигна со вкупно време од 2:06:00 минути., што беше за 12 стотинки подобро остварување од второ рангираната Тина Вејратер од Лихтенштајн, додека третото место и припадна на Германката Викторија Ребенсбург која заостана 30 стотинки зад Швајцарката.
 
Американката Линдзи Вон која е второпласирана скијачка во Генералниот пласман, не ја заврши трката, па така сега Гут има  658 бода, односно 158 бодови повеќе од Вон.
 
Веќе утре, одново во Линц ќе се вози слаломска трка