Loading Video...
Спорт плус
30. January 2021 - 16:04

Гут Бехрами и Ноел победници на денешните трките во Светскиот куп

 
Во Светскиот куп во алпско скијање денеска на програмата беа две трки. 
 
Даните се натпреваруваа во Гармиш Партенкирхен, каде во супервелеслаломската трка победи Лара Гут Бехрами. Швајцарката оствари  68 стотинки побрзо време од Норвежанка, Кајса Викоф Лие, додека на третото место се пласира Мари Мишел Гањон од Канада која беше 93 стотинки побавна на победничката. Дамите остануваа во Гармиш Партенкирхен каде утре ќе возат спуст.
 
Двојна програма има и во францускиот Шамони. 
 
На задоволство на организаторите домашниот скијач, Клемен Ноел е победник првата од двете слаломски трки. До победата тој стигна со вкупно време од 1:38.58 минута, што беше за 16 стотинки побрзо Швајцарецот, Роман Зенхаурсен, односно за 19 од трето пласираниот Мари Шварц од Австрија. 
 
Утре на истото место  мажите повторно ќе се натпреваруваат во слалом .