Грузија ја повика Русија на конструктивен дијалог
Грузија ја повика Русија на конструктивен дијалог и изразува подготвеност за разгледување на секакви прашања во дипломатската сфера, изјави грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили, јави ТАСС.
Тој оваа изјава ја даде по повод денешната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Сухуми, главниот град на Абхазија, која се отцепи од Грузија, а е призната како независна држава од Русија, Никарагва, Венецуела и Науру.
Маргвелашвили изрази голема загриженост од активностите на Русија насочени кон загрозивање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија и ја повика меѓународната заедница да „спречи уште едно посегнување по суверенитетот“ на грузиската држава.
Во официјалното соопштение по повод посетата на Лавров грузиското Министерство за надворешни работи ја повика Русија да прекине со провокативните активности и да го почитува територијалниот интегритет на Грузија како суверена држава.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота