Свет
28. November 2015 - 9:49

Грушко: Делувањето на Турција противречи на препораките на НАТО

Делувањето на Турција во инцидентот со рускиот бомбардер Су-24, противречи не само на основните принципи на Повелбата на ОН, туку и на самите препораки на НАТО, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко.

- Очигледно е дека Турција, свртувајќи се кон НАТО, бараше политичка поддршка. Таа политичка поддршка е навистина пружена, бидејќи Алијансата, водејќи се од принципите на атлантска солидарност, сојузничка солидарност, погрешно сфатена - не ги набљудуваше објективно работите.

- Објективно ситуацијата е сосема јасна, тоа е злосторство, тоа е најгрубо нарушување на меѓународното право, тоа противречи не само на фундаменталните принципи на Повелбата на ОН и бројните конвенции, туку и на самите препораки на НАТО, рече Грушко.

Според него, инцидентот со рускиот авион, ги поткопува напорите за создавање голема коалиција во борбата против Исламска држава.