Балкан
7. December 2015 - 18:34

Грушко: Балканот да биде изоставен од геополитичкиот натпревар на НАТО

Балканот би требало да биде изоставен од геополитичкиот натпревар, кој НАТО со своето проширување се обидува да го наметне, изјави постојаниот претставник на Русија во Алијансата, Александар Грушко. 

- Ние секогаш се заложувавме за тоа на Балканот да владее мир. Сите земји од регионот отсекогаш ги гледавме како пријателски. Русија никогаш на тие држави не им наметнувала каков било избор, рече Грушко, обраќајќи се преку видео-врската „Москва-Брисел“.

Тој додаде дека обидите, кои денеска можат да се видат ја потикнуваат сосема непотребната тензија во чувствителниот регион.

- Поканата на Црна Гора да стане членка на НАТО уште повеќе ќе го искомплицира трагањето по заеднички одгвовор на предизвиците во сферата на безбедноста, а од тој повик корист нема да имаат ниту Алијансата, ниту Европа, смета Грушко.

- Тоа е геополитичка идеја. Никаква реална корист од повикот на Црна Гора нема да има за НАТО, ниту за регионалната, ниту за европската безбедност. Јасно е дена на Црна Гора никој не и се заканува, а како држава со ограничени воени ресурси таа нема некоја посебна вредност, рече Грушко.