Македонија
15. August 2019 - 19:20

Групна тепачка во Скопје - Швеѓани,Полјак и Скопјани се тепале за оштетен изнајмен автомобил

На 14.08.2019 околу 16,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Босна и Херцеговина“ по вербална расправија настанала физичка пресметка помеѓу И.Н.(21) од Р.Шведска, С.И.(21) од Скопје, Ф.Х.Р.(20) од Р.Шведска, П.А.(20) од Р.Полска, С.А.(19) од Скопје, од една страна и К.С.(29) од Скопје, Ф.З.(18) од Скопје, и М.Р.(27) од Скопје од друга страна, поради тоа што изнајмено возило било вратено оштетено. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.