Групна тепачка во Шутка: Дошле по невестата бегалка, завршиле во болница
Секири, ножеви, метални шипки биле употребени, во групна тепачка што се случила помеѓу две семејства во вторникот во населбата Шуто Оризари. Причина за нетрпението било бегство на девојка од Куманово, која се заљубила во момче од Шуто Оризари.
По тепачката, интеревнирале патроли од агенција за обезбедување, специјалната полициска единица Алфа, а поради здобиени повреди на неколкумина кои учествувале во тепачката интервенирале и екипи на Брза помош.
Околу 20 часот, според записникот на полицијата, кумановецот со автомобил голф во кој се наоѓале неговата сопруга, синот и братот, пристигнале во населбата Шуто Оризари на претходно договорена средба.
Но наместо ракување и смирување на ситуацијата, зетот со дрво му нанел повреди по главата и телото. Кога забележале што се случува и роднините на кумановецот кој биле во возилото, но и познаниците на зетот се вмешале, па дошло го групна тепачка.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс