-->
-->
Групна тепачка пред угостителски објект во Кучевиште - едно лице уапсено
-->
По тепачка пред во скопското село Кучевиште, едно лице било уапсено поради нанавредување на полицајците.
„Вчера вечер во 22 часот и 15 минути во село Кучевиште, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(40) од село Бањани, скопско, поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, односно преземале мерки во врска со пријава за нарушен јавен ред и мир пред угостителски објект во село Кучевиште со физичка пресметка помеѓу И.П.(24) од с.Кучевиште и Т.В.(40) од една страна и К.Б.(18) и Љ.Б.(40), двајцата од с.Кучевиште, од друга страна“ велат од полиција.
По целосно документирање на случајот против Т.В. и останатите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи