Македонија
24. July 2017 - 16:34

Групна тепачка на соседи заврши со убиство во Охрид

Групна тепачка меѓу соседите  во Охрид заврши со смрт.

58  годишниот Спасе Груески од здобиените повреди колабрирал и починал на местото на настанот.

Во нарушувањето на јавниот ред и мир, учествувале дедо, татко и внук од една,  и сега починатиот и неговиот син од друга страна.

Најнапред, се случила жестока вербална расправија помеѓу двајцата соседи во која се вклучил и синот на Спасе .По кратко време, во тепачката се приклучиле уште две лица кои со физичка сила му нанесле повреди по главата на Груески.

 Соседите видно вознемирени  велат дека тие биле пријатели и често се собирале и разговарале во локалната продавница каде што се случи инцидентот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“,охридската полиција поднесе кривична пријава против три лица сите од Охрид.