Групна изложба „Нашата Фукушима“ во Скопје
Групната изложба „Нашата Фукушима“ која е дел од Gogyoshi Art Project International, ќе бидe отворена вечерва на две локации во Скопје, во Домот на култура „Кочо Рацин“ (Галерија „КО-РА“) и Галерија „Флукс“.
На изложбата ќе бидат претставени дела од над 80 уметници од многу земји во светот, како и уметници од Македонија. Делата се работени во различни техники, вклучувајќи слики, цртежи, графики, фотографии, видеа, скулптури ...
Сите учесници на изложбата, како што велат организаторите, биле поканети да создадат свои дела инспирирани од една од десетте предложени (gogyoshy) песни на јапонскиот поет Taro Aizu. Gogyoshy е името што тој го дал за овој посебен вид поезија напишана во пет линии, ослободена од правила за бројот на слогови, должина на стихот и ритам.
Проектот „Gogyoshi Art Project“ е инициран од холандските уметници Ед Хансен и Фред ван Вели, а е инспириран од gogyoshy поезијата на Таро Аизу, во која тој зборува за жителите на својот роден град Фукушима, за нивната љубов кон својот град, а подоцна и за нуклеарната катастрофа предизвикана од цунамито во март 2011 година, кога биле принудени да ја напуштат Фукушима.
Целта на овој проект, според организаторите, е да се подигне свеста за проблемите кои се уште постојат во Фукушима, иако во Европа несреќата беше наскоро заборавена, а преку делата на уметниците, да ги потсети луѓето на ситуацијата во земјата која е далеку од тука, Јапонија. Со својот меѓународен карактер, овој проект гради мостови меѓу народите и уметниците од различни земји, со цел да се намали јазот меѓу различни култури и да ги зближи луѓето.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот