Македонија
12. December 2018 - 16:16

Групата за помирување предлага делумна амнестија за 27 април

Нема амнестија за организаторите и насилниците за 27 април. Останатите учесници во собраниските настани ќе имаат право на помилување.

Телото за помирување конечно ги договори деталите за амнестијата.

Според најавите ќе се работи за делумно помилување, како компромис меѓу 8-темина пратеници излезени од ВМРО-ДПМНЕ за амнестија и власта која инсистираше на одговорност за 27 април. Помилувањето нема да важи по службена должност, туку учесниците опфатени со него ќе треба во Судот да дадат изјава дека бараат амнестија.

За СДСМ законот е сосема прифатлив.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ овие предлолзи за делумна амнестија се неприфатливи, тие бараат целосно помилување за да нема политички условувања за уставните измени.

Овие решенија се очекува деновиве да бидат потврдени во Интепартиската група за помирување, реформи и интеграција, а потоа во форма на предло-закон да минат и низ собраниска процедура.

Законот за помилување се сметаше за клучен дали премиерот Зоран заев ќе ги задржи истите 80 пратеници за конечно донесување на амандманите на Уставот. Но дури и по помирувањето, пратенички извори коментираат дека на 15 јануари може да има промени во персоналиот состав за оние кои ќе гласаат „за“ измените согласно договорот од Преспа. За преговарање со независната пратеничка група остануваат и останатите закони со двотретинско мнозинство.

Во меѓувреме обвунителката Рускоска најави дека можна е нова посатпака за 27 април

Деновиве беше приведен поранешниот директор на ДБК Владимир Атаносовски кој веројатно ќе влезе во оваа нова истрага.