-->
-->
Групата „Thirty seconds to Mars“ го претстави новиот сингл по четиригодишната пауза
-->
Групата „Thirty seconds to Mars“, што ја предводи глумецот, кој воедно е и пејач, Џеред Лето, го претстави првиот сингл од новиот, четврти албум.
Новата песна е именувана „Walk оn Water", а воедно е и првата по албумот „Love lust faith + Dreams" од 2013 година.
- По четири долги години, стотици денови, илјадници часови и безброј секунди, конечно завршивме една песна. Искрено, сите ни недостасувате. Едвај чекаме да се вратиме да настапуваме и многу сме горди и нестрпливи да го споделиме со вас првиот сингл од новиот албум, изјави Лето.
Песната „Walk оn Water", е дело на Џеред Лето.
Спотот за песната премиерно ќе биде прикажан на овогодинешното доделување на „МТВ“ наградите на 27 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори