Групата Еј-Си/Ди-Си ја прекина американската турнеја
Австралиската група Еј-Си/Ди-Си (AC/DC) беше принудена да ја прекине својата американска турнеја, откако лекарите го предупредија фронтменот на бендот Брајан Џонсон дека би можел целосно да оглуви поради вревата на нивните настапи.
Во соопштението објавено на официјалната страница на групата се иразува жалење поради ваквата одлука и се наведува дека подоцна во текот на годинава Еј-Си/Ди-Си ќе ги надомести откажаните концерти, но со друг пејач, чие име се уште не е објавено.
Својот последен албум „Rock or Bust“, Еј-Си/Ди-Си го објави лани во ноември, по што групата ја започна својата концертна турнеја.
Џонсон (68) е вокал на Еј-Си/Ди-Си од 1980 година, па многумина обожаватели на групата сметаат дека без него бендот „нема да биде она што беше“.
Во 2014 година бендот веќе остана без еден од своите членови-основачи, Малколм Јанг, кој мораше да се повлече од јавните настапи откако беше откриено дека боледува од деменција.
Инаку, научно е докажано дека врева и бучава поголеми од 85 децибели можат да го оштетат слухот. Јачината на обичен разговор е околку 60 децибели, музиката во ноќните клубови вообичаено е околу 110 децибели, додека на рок концерите вревата може да достигне и до 115 децибели. Бучавата при полетуваљњ на авион, за споредба, е околу 120 децибели.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање