Loading Video...
Свет
26. August 2019 - 20:01

Групата 7 одлучи 20 милиони евра помош за Амазонија

Соединетите држави, Јапонија, Германија, Франција, Италија, Велика Британија и Канада  ќе  обезбедат  најмалку 20  милиони евра   во спасувањето на Амазонија од  пожарите. Лидерите на седумтте индустриски најравиени држави  на средбата  во Бијариц  се согласија дека Бразил не може сам да се справи со огнената стихија која со голема брзина ги уништува белите дробови на планетата.

Нашите тимови  ќе  контактираат со Амазонските земји  за да може да финализираме многу конкретни обврски кои вклучуваат технички ресурси и финансирање, истакна Макрон.

Шумата  во бразилскиот дел на Амазонија гори повеќе од 19 денови. Во гаснењето на пожарите од пред два дена се вклучи и војската. Од почетокот на годината во Амазонија избувнале над  75 000 пожари.