Група ученици од Куманово побараа настава со физичко присуство
Група ученици од втора и четврта година од гимназијата „Сами Фрашери“, Куманово, но и од други училишта денеска самоиницијативно го изразија револтот низ кумановските улици, барајќи настава со физичко присуство на часовите.
Учениците се движеа по централните градски улици и бараат Министерството за образование и наука да им овозможи настава со физичко присуство, но истакнаа дека немаат поддршка од наставниците и директорите.
– Се собравме бидејќи не се согласуваме да учиме онлајн од дома, немаат сите средства за да се приклучат преку далечинско учење. Ние сме од училиштето „Сами Фрашери“, втора и четврта година. И наредните денови ќе протестираме доколку нѐ не слушне Министерството и не донесе нова одлука. Сите сме за физичко присуство во училиштето, сите ресторани, кафулиња се отворени само училиштата ги затвораат. Дали коронавирусот се пренесува само во училиштата, а не и во угостителските објекти. Бараме од Министерството за образование и наука да ни овозможи физичко присуство во училиштето, рече Маригона Сопи, ученичка во „Сами Фрашери“.
Директорот на „Сами Фрашери“, Африм Алити вели дека во зградата каде се изведува наставата поранешна дирекција на ЗИК нема услови за одржување на наставата. Ова училиште беше единствено од градот кое побара исклучиво онлајн настава.
– Наставата почна и во моментов се изведува онлајн. Станува збор за помала група ученици и не само од „Сами Фрашери“, туку и од други училишта, кои често го злоупотребуваат нашето училиште поради локацијата. Ние сме во центар на Куманово и тука се собираат. Наставата секако мора да се изведува онлајн, бидејќи се наоѓаме во ЗИК, рече директорот Алити.
Во ова училиште годинава има 807 ученика. И претходно, изминативе години проблемот со „Сами Фрашери“ останува. Родителите и учениците со години бараат современ простор за изведување на наставата која сега се одвива во несоодветни услови.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите