Македонија
6. August 2015 - 13:02

Група штипјани нападнале полициски службеници

На 6 август годинава околу 1 часот и 30 минути на улицата „Кирил и Методиј“ во Штип двајца полициски службеници додека извршувале службено дејствије забележале како поголема група на лица сакале физички да се пресметаат. Полицајците презеле службени мерки за да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, но едниот полициски службеник бил физички нападнат од М.Д.(56), неговиот син Д.Д.(18) и А.М.(38) по што го напуштиле местото на настанот. По кратко време М.Д. и Д.М. се пронајдени и приведени и со нив е извршен разговор, додека по А.М. се уште се трага.  По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.