Македонија
22. March 2018 - 21:22

Група превозници осум часа заглавени на терминалот кај Деве Баир

Група од околу 60 возачи на шлепери се заглавени осум часа на граничниот терминал Ѓуешево на македонско-бугарската граница.

Како што изјавуваат превозниците, терминалот не е исчистен од снежните врнежи и најверојатно ќе останат заглавени до рано наутро бидејќи се најавуваат нови снежни врнежи. Апелираат надлежните служби да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Возилата кои минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.