Балкан
8. July 2020 - 20:08

Група демонстранти пред српското Собрание го нападнаa актерот Сергеј Трифуновиќ

Група демонстранти пред српскиот Парламент го нападнале лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, пренесоа дел од медиумите кои известуваат од настанот .

-Слушнав дека некои од тие лица кои се таму,  некои велат дека се луѓе од протестот, некои велат дека се навивачи на некои клубови, го нападнале Сергеј, додека се движел и дека го удриле. Тоа е се, изјави  Драган Ѓилас.

Двајца репортери на Н1 го виделе стампедото, но не можат да потврдат дека групата го бркала Трифуновиќ.