Свет
7. September 2017 - 8:54

Група американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради ДАЦА

Група од 15 сојузни американски држави ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради одлуката да се укине програмата за амнестија, позната како ДАЦА, а која се однесува на 800.000 лица, кои како малолетници илегално се донесени во САД.

Во тужбата, поднесена во сојузниот суд во Њујорк, се наведува дека Белата куќа врши дискриминација на имигрантите од мексиканско потекло, кои се големо мнозинство во таа програма, и оти се кршат уставните права кои забрануваат арбитрарно казнување.

- Одлуката на администрацијата на Трамп да ја укине ДАЦА е сурова, нехумана и разорувачка, истакна државниот обвинител на Њујорк, Ерик Шнајдерман.

По најавата во вторникот дадена од Трамп дека се укинува ДАЦА, вчера беа одржани протести во повеќе американски градови. Трамп во одбрана на својата одлука наведе дека американските работници мора да бидат на прво место.

- Наш прв и најважен приоритет во спроведување на имиграциските реформи мора да биде зголемувањето на бројот на работни места, платите и безбедноста на американските работници и нивните семејства, се наведува во соопштението на Трамп.

Програмата ДАЦА е прифатена од поранешниот американски претседател Барак Обама, со која е овозможено привремено пролонгирање на депортацијата на речиси 800.000 квалификувани кандидати и им се издадени работни дозволи на две години, со можност за продолжување.

Обама одлуката на Трамп ја оцени како „погрешна, поразителна и свирепа“.

- Да се таргетираат млади луѓе е погрешно, бидејќи тие не направиле ништо лошо. Тоа е поразувачки, бидејќи тие сакаат да почнат нов бизнис, да се вработат во нашите лаборатории, да служат во нашата војска и да придонесат за земјата која ја сакаме, Тоа е свирепо, напиша Обама на Фејсбук.

Судбината на „сонувачите“ (како што се нарекуваат луѓето кои како деца илегално влегле во САД) нема да се менува до петти март 2018 година, а администрацијата одреди рок од шест месеци за Конгресот да може да донесе закон за то