Грујевски и Бошковски пред солунскиот суд за лажните патни исправи
- Во Судот во Солун денеска треба да биде одржано рочиште за поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошковски, по кои македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, а грчките власти ги товарат за поседување лажни патни исправи.
Грујевски и Бошковски досега два пати беа изведени пред Судот во Солун, но рочиштата беа одлагани бидејќи грчкиот суд не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.
Двајцата беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Грујевски и Бошковски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Македонските власти на 6 номври ја доставија документацијата за нивна екстрадиција од Грција.
Судското рочиште за нивна екстрадиција што беше закажано за 29 ноември беше одложено за 13 декември поради отсуство на адвокат од тричлениот адвокатски тим на Грујевски и Бошковски, од една страна, и некомплетираниот превод на документацијата испратена од македонското Министерство за правда, од друга страна.
Дотогаш се очекува судот да ги добие преводите на документите, испратени од македонското Министерство за правда.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во Солун
Ново на Сител
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот