Македонија
16. January 2018 - 16:31

Грујевски и Бошковски не можат да бидат екстрадирани во Македонија пред март

Најрано до март грчките власти ќе одлучат дали ќе го прифатат барањето за азил на екс разузнавачите Грујовски и Бошкоски. Оваа постапка ќе трае најмалку два месеци а конечната одлука ја носи Врховниот суд во Атина. До тогаш тие не можат да бидат екстрадирани.

Во јавноста се шпекулира дека случајот за лажни пасоши  ќе го преземе македонското судство, но таквата информација не ја потврдуваат од министерството за правда. Петар Василев адвокат на и обвинетите за Сител вели дека не добил информација за предавање на случајот со пасошите на скопскиот основен суд. Василев вели, за таквата информација не се известени ниту адвокатите во Грција.

Двајцата беа фатени од страна на грчката полиција и притворени во Солун поради обидот да избегаат во Унгарија со лажни пасоши. Обвинетите побарале азил со образложение дека се жртви на политички прогон во Македонија и  дека  стравувале за своите животи.

Утре почнува судскиот процес на СЈО „Таргет Тврдина“ кое се однесува на аферата со прислушувањето за што се обвинети Грујевски и Бошковски,   поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска.