Груевски: Заев е донесен на власт за да го реши името по терк на Грција
„Зоран Заев е донесен на власт да го реши името онака како што сака Грција, и се чека да завршат локалните избори за да започнат преговорите. Целата операција за промена на владата е направена за решавање на името по терк на Атина“.
Ова синоќа во интервју за Сител го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, наспроти вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев по враќањето од Њујорк дека не е подготвен да преговара за идентитетските прашања.
- Тоа го знаат веќе сите, не само во Македонија, туку и во цела Европа Се чека само да завршат локалните избори и да започната конкретни преговори, рече Груевски.
Според него, никој не верува дека на средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, станало збор за мерки за градење доверба, туку за идентитетските прашања.
Во контекст на локалните избори, Груевски рече дека не очекува да бидат фер избори, дека се заплашуваат кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и дека последните постапки покажале дека полицијатаа ќе биде ставена во партиска служба и за кампањата.
Груевски исто така најави дека по локалните избори неговата партија ќе бара предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка