Македонија
21. November 2017 - 16:28

Груевски за Република: За судските случаи кои се водат против него од страна на СЈО, за однесувањето на судиите

Во четвртиот дел од интервјуто претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се осврнува на судските случаи кои се водат против него од страна на СЈО, за атмосферата која може да се почуствува во сдуството, за однесувањето на судиите, за економијата и предизвиците со кој државата се соочува, за случаите поврзани со 27 април и прогонот врз луѓето кои упаднаа во Собранието.

Не можам да се чуствувам виновен за нешто што не сум виновен, вели во интервјуто за Република, лидерот на опзицијата. Гриевски тврди дека против него и над 100 луге во партијата се  води политички прогон и хајка. Сакаат полиитчки да не оцрнат  преку малтретирања со одземања пасоши и носење незаконски одлуки, и тоа го прават во  пресрет на многу непопуларни политички чекори кои ги подготвуваат, за да ни ја одземат енергијата за политичка борба, отпор, доверба и одбрана на интересите на земјата и народот, сето тоа, значи само валкана политичка игра, а никако вина, вели Груевски.   Според него  СЈО  работи со партиска агенда, а се га и ЈО ќе биде целосно под контрола.

Имаме класична заробена држава, , велиГруевски, во која секој кој не се согласува со марионетската власт и нејзините поддржувачи, може да биде обвинет и осуден без вина. Тој ги потсетува  судиите да одлучуваат по закон и да не подлегнуваат на притисоци од каде и да доаѓаат.  -Еден ден, се ќе се ревидира. И за се ќе има одговорност, колку и оваа марионетска власт сега да им личи за силна, порачува Груевски.

Тој не верува дека реформите во  судствотпо можат да го решат овој  проблем . Главниот јавен обвинител на СЈО има партиска членска книшка на СДСМ и евидентни и веќе објавени докази дека уплаќал партиска чланарина.  Тое е нешто што реформите нема да го менуваат, вели лидерот на опозицијата.

Како може реформите да сменат однесување на судија кој длабоко во себе верува и знае дека во ова лудо време кога власта ја има целата власт и моќ, кога и надворешниот фактор ја штити марионетската власт, и нема каде да се пожалат судиите и да бидат заштитени, мораат да судат како што се очекува од нив од власта, и дека во спротивно им се заканува смена и прого, заклучува Груевски.