Македонија
7. March 2017 - 17:02

Груевски за Пинк: Протестите низ државата се резултат на заобиколувањето на нивната воља и изборна измама

Два начина постојат за излез од политичката криза во која се наоѓа Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за ХРТ. Предвремени парламентарни избори заедно со локални за избор на градоначалници на кои СДСМ ќе ја понуди платформата на Албанските партии, или откажување од неа и формирање малцинска влада која ќе ја има нашата поддршка - ова според Груевски се единствените можности за решавање на кризата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ Пинк, вели дека протестите низ државата кои ги организираат и поддржуваат граѓаните се резултат на заобиколувањето на нивната воља и изборна измама.

Во интервјуата за хтв и пинк, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, објаснува дека платформата создавана во друга држава која граѓаните не ја гласале на избори, може да се оцени како државен удар.

Додава дека многу од елементите во платформата се спротивни на Македонскиот устав со што се прави обид мнозинството Македонци да бидат опозиција во својата држава.