Бизнис
10. јуни 2016 - 19:45

Груевски: Во услови на политичка криза намалувањето на невработеноста е одлична вест

Политиките за поттикнување на вработувањето, како и за привлекување странски инвестиции придонесуваат за континуираното намалување на невработеноста.

Заводот за статистика објави дека во првиот квартал стапката на невработеност паднала на 24,5%, што е најниско ниво откако заводот ги врши мерењата.

Од агенцијата за вработување велат дека проектите како Македонија вработува, вработувањето на млади до 29 години, самовработувањта, преку кои се обезбедуваат поволности и субвенции за креирање работни места овозможиле десетици илјади вработувања.

Со оперативниот план на активни мерки за поттикнување на вработувањето во 2016, агенцијата планира да опфати околу 40 илјади луѓе.

Од 36% во 2006, невработеноста бележи дсетгодишен континуиран пад . Очекувањата на владата се дека до 2018-та година да се намали на 22%.