Македонија
17. March 2016 - 12:06

Груевски во посета на Општина Ѓорче Петров

Претседателoт на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  ќе оствари посета на Општина Ѓорче Петров.

Предвидено е во 12:00 да присуствува на поставување на камен темелник за изградба на повеќенаменско игралиште во населба Дексион.

Денеска ќе биде пуштен во употреба на повеќенаменско игралиште во населба Даме Груев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со жителите на село Волково, а подоцна ќе изврши увид во активности при изградба на локален пат село Волково - село Орман и ќе оствари средба со жителите на село Орман.